Работнички го претстави Виктор Велкоски

Работнички продолжува со засилувањата пред настапот во квалификациите за Конференциската лига, а најново име во тимот е Виктор Велкоски повторно ќе го носи дресот на „романтичарите“.

29-годишниот дефанзивец се враќа во клубот каде настапуваше во сезоната 2019/2020, а сега пристигнува како слободен играч по заминувањето од казахстански Туран, каде што последен пат настапуваше до јануари.

Велкоски својата кариера ја започна во Вардар, а во Македонија беше дел уште од: Љубанци, Победа, Скопје и Брегалница. Искусниот дефанзивец има интернационално искуство и од настапите за грчки Егиниакос и албански Лачи.

Работнички во првото коло од Квалфикациите за Конференциската лига го очекува двомеч против белорускиот Торпедо Белаз. Првиот натпревар ќе се игра на 10 јули во Белорусија, а реваншот е закажан седум дена подоцна, на 17 јули, на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.