Работнички и МЗТ Скопје парично казнети за инцидентите во дербито
Суспензии и парични казни на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром им изрече денеска македонската кошаркарска Федерација (КФСМ) инцидентот што се случи за време на саботното градско прволигашко дерби во СРЦ „Кале“.
Поради слаба организација, прекин на натпреварот и влез на навивачи со пиротехнички средства и нивно користење за време на натпреварот, Работнички е казнет со вкупна глоба од 68.000 денари.
Дополнително, Работнички е суспендиран два натпревари без публика на домашен терен.
На актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром му е изречена парична казна од 64.000 денари поради фрлање предмети на теренот, користење пиротехнички средства и прекин а натпреварот.
Суспендиран е и теренот на МЗТ Скопје Аеродром со еден натпревар без публика на трибините.