Работнички продаден на турската компанија Џевахир
Вториот најтрофеен македонски фудбалски клуб, Работнички, од вчера и официјално има нов сопственик. Македонска берза објави дека се продадени сите клупски акции.
Купувач е турската компанија Џевахир, која акциите на „Херојот од Дебар Маало“ ги плати дури 24 пати поскапо во однос на номиналната цена, односно за нив исплати вкупно 600.000 евра.
Групацијата Џевахир има големи амбиции со Работнички и ќе се обиде да го врати на врвот на македонската фудбалска сцена.