Работнички се засили со белоруски интернационалец
Работнички доведе ново засилување од Белорусија. Александр Позњак потпиша договор со клубот од Дебар Маало и треба да претставува засилување за одбранбената линија на тимот.
Позњак (26) е искусен дефанзивец кој игра на стоперската позиција, но одлично се снаоѓа и како лев страничен играч. Доаѓа од белорускиот прволигаш Динамо Брест, а во кариерата настапувал и за Шахтјор Солигорск, Немам Гродно, Городеја. Тој е поранешен младински репрезентативец на Белорусија, а има еден настап и за сениорскиот национален тим.
„Веруваме дека Александр Позњак, со оглед на квалитетот и на искуството, брзо ќе се вклопи во тимот на Работнички и ќе го подигне нивото во одбранбената линија. Тој веднаш се приклучи на тимот, денеска имаше индивудуален тренинг, а веќе од утре ќе биде на располагање на тренерот Александар Влахо“, вели спортскиот директор, Горан Станковски.