Работнички со судни маки го освои „Јасмин“ во Кавадарци

Кошаркарите на Работнички стигнаа до исклучително важен гостински триумф. На нималку лесниот терeн во кавадаречки „Јасмин“, имаа водство, кое домашната екипа го стигна, дури и поведе, но имаа и „помирна завршница“ во која стигнаа до успехот, за нив петти од почетокот на новата сезона (81-85).
Дубински постигна 17 поени. Полутак оствари двоен ефект (20 поени и 12 скока), Ѓуроски финишираше со 16, а Ефремовски имаше 15 поени.
Одлични први минути во дресот на Тиквеш Голден Игл имаше Александар Пантелиќ, кој почна од клупата, а заврши со 23 поени, а Грин запиша 17 поени.