Работнички ја освои Струмица во голеадата против Брера

Работнички стигна до првата гостинска победа оваа сезона откако во 19.коло ја совлада Брера на гости со 3-4. Со овој триумф, ги враќаат надежите во битката за опстанок.

Гостите поведоа во петтата минута со голот на Џејсон Езеб по асистенцијата на Сухељ Мухарем, а израмни Миле Тодоров во 18.минута.

Сепак, Езеб повторно го доведе Работнички во водство во 33.минута, што беше и резултат по првиот дел.

На почетокот на вториот дел, уште два нови гола за Работнички со кои практично и го реши натпреварот.

Сухељ Мухарем во 51.минута одлично се снајде во петерецот на Брера и зголеми на 1-3, а веќе во следната акција погоди и Манојлов, откако излезе сам пред голманот Вргов и реализираше без проблем.

Миле Тодоров во 72. минута постигна втор гол за Брера, а до крајот струмичани иако напаѓаа, сепак, Фабрис Ондоа беше одличен на голот на Работнички.

Во судиското продолжение, Велков го постави конечниот резултат, 3-4.