Раванели: На Јуве не му треба Левандовски

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Фабрицио Раванели, изјави дека клубот од Торино не треба да го ангажира Роберт Левандовски поради неговите години.

Претходно се појави информација дека Јувентус е заинтересиран за напаѓачот на Барселона.

„Според мене, тоа би испратило погрешна порака до навивачите и системот на Јувентус. Тоа би бил чекор назад. На Јувентус му се потребни играчи кои сакаат да изградат кариера“, рече Раванели.