Раиола жали што Де Лихт не потпишал за Баерн

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пред да го напушти Ајакс и да замине во Италија, имал можност да го облече дресот на Баерн Минхен, откри неговиот агент задолжен за трансфери, Мино Раиола.

„Бевме во разговори со Баерн и можноста да постигнеме договор беше многу реална. Штета што не успеа“ изјави Рајола. Де Лихт во 2019 година доби многу понуди а покрај Баварците во игра за неговиот потпис беше и Барселона.

Сепак, Холанѓанецот реши кариерата да ја продолжи во Италија. Таму во тековнава сезона има одиграно 13 натпревари и постигнато 1 гол.