Ракитиќ; Мундијал на Балканот? Можеби во 2050 година

Иван Ракитиќ нема да го гледаме на Мунијалот во Катар бидејќи стави крај на репрезентативната кариера. Хрватскиот плејмејкер беше еден од хероите на „коцкестите“ на минатото Светско првенство кога Хрватска стигна до финалето.

Ракитиќ беше запрашан и за можностите Светското првенство во блиска иднина да биде организирано на Балканот, а тој не е голем оптимист.

„Многу е рано да се зборува за такво нешто. Верувам дека за организација на таков настан би можеле да се бориме некаде во 2050 година. Најголем проблем со кој се соочуваме е инфраструктурата на која мора да се работи“, смета Ракитиќ.