Ракометарите се собраа во Скопје пред двомечот со Словачка

Машката македонската ракометна репрезентација на Македонија, денес се собра во Скопје, каде ќе одработи мини подготовки за баражите со Словачка. Селекторот Кирил Лазаров на направи првата прозивка на дваесетмина ракометари кои се најдоа на неговиот список.

Македонија ќе брка нов настап на Мундијалот осми во низа, а вкупно десетти. Првиот натпревар црвено-жолтите ќе го играат на 14 мај во Прешов (19:00 часот), а реваншот е на 17 мај (19:00 часот.) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ракометната федерација на Македонија веќе ги пушти во продажба картите за реваншот во Скопје, а се продаваат по цена од 400 и 500 денари онлајн на МК-ТИКЕТС.