Ракометарката Марија Јанкуловска потпиша со Париз!

Македонската репрезентативка Марија Јанкуловска направи голем чекор во кариерата и следната сезона ќе настапува во француското првенство.
Дваесетгодишната ракометарка потпиша за Париз 92 и за првпат ќе се испроба надвор од Македонија. Јанкуловска во изминатиот период беше дел од Ѓорче Петров, со кој ја освои двојната круна во домашниот шампионат.
„Многу сум возбудена што се приклучувам на Париз 92 и што започнувам ново поглавје. Едвај чекам да се запознаам со сите и да почнеме со работа“, порача Јанкуловска по потписот за францускиот клуб.
Левиот бек својата кариера ја започна во Пелистер, настапуваше и за Металург Автокоманда, а добрите игри во клубот и репрезентацијата ѝ донесоа трансфер во една од најсилните европски лиги.