Ракометарките добија тешка група по мундијалските квалификации

Вечерва во Клуж беа извлечени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2026 година. Континеталниот шампионат ќе се одржи во пет држави: Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција. Покрај овие селекции место на ЕП веќе обезбедија Норвешка, Данска и Унгарија.

Македонските ракометарки се во групата 3 заедно со Германија, Словенија и Белгија.

Првенството ќе се одржи од 3 до 20 декември во 2026 година.

Во првата група ќе бидат Франција, Хрватска, Косово и Финска, додека во Втората група се Холандија, Швајцарија, Италија, Босна и Херцеговина.

Во третата група ќе играат Германија, Словенија, Македонија и Белгија, додека во Четвртата група ќе играат Црна Гора, Исланд, Португалија и Фарските Острови. Во грушата шет се Шведска, Србија, Украина и Литванија, а во шестата група ќе бидат Шпанија, Австрија, Грција и Израел.

Квалификациите за Европското првенство ќе се играат од 15 октомври годинава до 12 април 2026 година. На континенталниот шампионат ќе се пласираат двете најдобри селекции од шесте групи, како и четирите најдобри третопласирани селекции.