Ракометниот „Шек“ прави трансфер на кариерата!

Еден од најсимпатичните ракометари на неодамна завршеното Светско првенство во Египет беше пивотот на Конго, Тиери Готје Мвумби, горостасот од 137 килограми. Веднаш по завршувањето на првенството му пристигнаа низа понуди за продолжување на кариерата. Првенството го заврши со 20 погодоци на своето конто, а за овој член на француски четвртолигаш интерес пројавија неколку шпански клубови. Според пишувањата на шпанските медиуми, Мвумби има неколку конкретни понуди од тамошни прволигаши, но се уште не се знае за кој клуб ќе потпише. Според официјалните податоци, Мвумби е тежок 137 килограми и висок 195 сантиметри.