Рамос го напушта Реал, познат новиот клуб и неделната плата!

Шпанскиот „Ел Чирингито ТВ“ јавува дека Серхио Рамос ова лето заминува во Манчестер Јунајтед. Веќе е позната и неговата плата, а во Манчестер тој ќе заработува 226 илјади евра неделно.
Капитенот на Реал веќе на раководството на клубот му најави дека заминува во Англија. Тоа би значело дека Рамос ќе го напушти Реал по цели 15 години верност на мадридскиот клуб.
За потсетување, договорот на Рамос истекува ова лето, а тој не ја прифати клупската понуда за продолжување бидејќи не е задоволен од условите.
Имено, Реал нуди едногодишен договор и плата од 10,8 милиони евра, а Рамос сака договор на две години и плата од 12 милиони. Претходно, Рамос се поврзуваше и со трансфер во ПСЖ, но тоа е малку веројатно доколку Меси пристигне во Париз, бидејќи францускиот првак нема да може да издвои толку средства.
Рамос сезонава во дресот на Реал одигра 18 натпревари со три постигнати погодоци и една асистенција. Според Трансфермаркт, неговата вредност се проценува на 14 милиони евра.