Рамос го напушта Реал поради – Бејл?!
Серхио Рамос и Флорентино Перез не можат да постигнат договор, па се поизвесно е дека ќе се разделат по 17 години.
Мадридски „Ас“ пишува дека еден од проблемите е и платата на Герет Бејл, на која Реал се подготвува и наредната година, бидејќи Тотенхем нема намера да го задржи велшанецот. Бејл го чини Реал 30 милиони евра годишно, што е огромна сума која влијае на потенцијалните други договори, меѓу кои е и обновата на договорот со капитенот.
Реал ќе се обиде да го продаде Бејл по пониска цена на година дена пред истекот на договорот, но велшанецот не сака да се откаже од високата плата која ниеден друг клуб нема да му ја даде. Така, се поизвесно е дека Бејл ќе остане макар и клупата, само да остане до крајот на договорот, на што инсистираше и минатата година, иако не беше дел од плановите на клубот.
Исто така, Реал ќе мора и да купува по две години, во 2019. беа „фрлени“ 300 милиони евра на Азар, Јовиќ, Милитао и Менди, а скоро ниту еден од нив не ги оправда очекувањата.
Мадридскиот тим е најблиску до потпис со Давид Алаба, кој исто така бара висока плата, но Перез е спремен да ризикува бидејќи ќе го доведе без обесштетување.