Рамос: Го сакам Реал и неговите навивачи, посакував друг противник во Лигата на шампиони

Серхио Рамос кој настапува за екипата на Париз Сен Жермен, искажа свое мислење за ждрепката за осминафиналните дуели во Лигата на шампиони со која за противник беше избран Реал Мадрид. Шпанскиот репрезентативец беше долгогодишен капитен на „Кралскиот клуб“со кој освои безброј титули, но минатото лето го напушти клубот и како слободен играч се пресели во клубот од Париз.

„Судбината е непредвидлива. Посакував да играме против друг тим. Знаете колку ги сакам Реал и навивачите, тоа е нешто кое никогаш нема да се смени, но време е да се прифати реалноста“, изјави Рамос.

“Во моментот јас сум играч на ПСЖ и ќе изгинам на теренот за да продолжиме напред во ЛШ. Реал се наоѓа во силна натпреварувачка форма, но има уште доста време до нашата пресметка со нив”.