Рамос мора на операција, Реал шест недели без капитенот
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе паузира во следните шест недели, откако денеска мораше да оди на операција. Според шпанските медиуми, дефанзивецот го повреди менискусот во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, а лекарите потврдија дека повредата мора да се санира со оперативен зафат. Рамос се обидуваше да закрепне без операција, но по вчерашниот тренинг стана јасно дека се работи за сериозна повреда. Се очекува тој да се врати на теренот на почетокот на април, што значи дека ќе го пропушти двомечот со Аталанта во осминафиналето од Лигата на шампиони.