Рамос: Нејмар ме убеди да дојдам во ПСЖ

Шпанскиот фудбалер, Серхио Рамос, кој влезе во трениг процес со ПСЖ, изјави дека Нејмар го убедил да се пресели во редовите на францускиот состав.

„Со Нејмар контактираме  шест-седум години иако тој играше за Барса а јас за Реал. Истото се однесува и за Ди Марија и Кејлор Навас со кои останавме пријатели откако си заминаа од Реал. Искрено, Нејмар ме убеди да дојдам тука.  Воедно, Леонардо и Ал Келаифи ме запознаа дека имаат фантастичен проект“, изјави долгогодишниот капитен на „кралевите“ кој сега ќе биде во ѕвездениот тим на ПСЖ.