Рамос потпиша едногодишен договор со Монтереј
Серхио Рамос и официјално има нов тим. Дефанзивецот, кој следниот месец ќе наполни 39 години, потпиша со мексиканскиот Монтереј.
Дефанзивецот е без тим од летото кога му истече договорот со Севиља.
„Добредојдовте, Серхио Рамос! Повеќекратен шампион со Реал Мадрид и ПСЖ. Светски шампион и европски првак со Шпанија. Вашите лидерски квалитети, технички вештини и желба за победа ќе ги однесат „сино-белите“ многу високо“, напиша новиот клуб на дефанзивецот.
Серхио Рамос избра да го носи дресот со број 93 поради неговиот гол за Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, кој го израмни резултатот и го доведе неговиот тим до победа од 4:1 во продолженијата. Голот на Рамос беше постигнат во 93. минута.