Рамсдејл со повисока плата останува на „Емирати“
Арсенал планира да го награди својот голман Арон Рамсдејл со нов договор и поголема плата, пренесува „Атлетик“. 24-годишниот голман брзо се наметна во тимот на Арсенал и остави одличен впечаток со своите настапи откако беше донесен на „Емирати“ во 2021 година.
Оваа сезона прими само 10 гола на 10 натпревари во Премиер лигата, а на 4 натпревари имаше чиста мрежа. Тој со добрите игри им помогна на лондончани да бидат лидери во првенството.
Рамсдејл е под договор со Арсенал на уште четири години, а клубот има опција да го продолжи за уште една година. Сепак, „Топчиите“ веруваат дека голманот веќе се докажал како важен играч за клубот и заслужува повисока плата од онаа што ја добива во моментов. Во меѓувреме, лондончани ќе го обврзат на уште подолг период и ќе бидат мирни дека ќе можат да сметаат на него во иднина.