Рангинк пресече, Јунајтед го продава Џеси Лингард

Манчестер Јунајтед ја одби понудата на Њукасл за фудбалерот, Џеси Лингард. „Враните“ сакаат да го изнајмат до крајот на сезоната и сакаат да му ја покријата целата плата.
Сепак, „црвените ѓаволи“ не се согласуваат со понудата бидејќи договорот на играчот истекува на крајот од сезоната. Тимот од „олд Трафорд“ е подготвен да ги разгледа понудите само за негова продажба , но, не сака да го изнајмува.
Лингард неодамна изјави дека сака да игра редовно во Вест Хем. „Чеканите“ внимателно ја следат ситуацијата.