Рангник: Голот на Џака беше нерегуларен
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник по поразот од Арсенал со 3-1 изјави дека неговиот тим покажал напредок, но дека крајниот резултат во Лондон е разочарувачки.
Тоа беше важен дуел за позицијата која води во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ се се подалеку од елитата, моментално се шести на табелата со 54 бодови и шест помалку од четвртопласираниот Арсенал.
„Мислам дека имавме одлично враќање во натпреварот по раниот гол, имавме неколку одлични шанси во првото и второто полувреме, можевме да постигнеме уште еден гол“, изјави Рангник и додаде:
„Најслаба точка ни беше одбраната, реакциите во нашиот шеснаесетник. Имавме и три многу несреќни ВАР одлуки. За мене третиот гол на Арсенал беше очигледен офсајд. Не сме многу среќни поради одлуките на ВАР технологијата денес“, потенцира германскиот тренер.