Рангник најави скоро враќање на Погба на терените

Ралф Рангник откри дека Пол Погба ќе се врати во Велика Британија во текот на викендот, но, ќе може да продолжи со тренинзите за околу две недели.

„Тој досега беше во Дубаи. Треба да полета денес. Очекувам да го видам в недела. Разговаравме на телефон. Тој е подобар иако ќе му требаат уште две недели пред да може да тренира и уште толку за да биде подготвен за игра“,  изјави Рангник за состојбата на Французинот.

„Црвените ѓаволи“ утре ќе гостуваат кај Норвич со надеж дека ќе ја забележат трета последователна победа во Премиер –лигата.