Рангник нема да дозволи Кавани да си замине во јануари

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник зборуваше за напаѓачот Единсон Кавани и неговата иднина во клубот.

„Разговаравме за Кавани и тој знае дека дефинитивно нема да го пуштам да си замине во јануари. Ни треба Еди. Разбирам дека мора да остане. Имавме неколку разговори во текот на изминатите неколку недели. Веројатно, најчесто зборувам со него. Уште од првиот ден му кажав дека за мене тој е многу важен играч. Неговиот професионализам и однос кон работата се едноставно неверојатни. Му кажав дека навистина сакам да остане до крајот на сезоната. Тој го знае ова и знае колку многу го ценам, колку го почитувам. Мислам дека разбирате дека не сакам јавно да зборувам за поединечни играчи. Од некои играчи знам дека сакаат да си заминат. Разговаравме за Еди, тој разбира дека нема да го пуштам“, изјави Рангник.