Рангник: Не е случајно што во Ливерпул играат шест мои поранешни фудбалери

Ралф Рангник знае каков предизвик го чека утре кога неговиот тим гостува кај Ливерпул. Германецот зборуваше за својот сонародник Јирген Клоп, кого го познава долго време, како и за состојбата на Бруно Фернандеш, кој доживеа сообраќајна несреќа.

„Како што кажав по натпреварот со Норвич, мора да бидеме покомпактни, мора да го најдеме вистинскиот баланс помеѓу поседот на топката и нашата работа во одбраната. Покомпактни, поагресивни. Ова мора да го покажеме утре против еден од најдобриот, можеби најдобриот тим. Иако за многу луѓе сме веројатно аутсајдери, знаеме дека ако го подигнеме нивото, можеме да играме многу силно и тогаш ќе имаме шанса за три бода. Ова е амбицијата и нашата цел за утре“, рече Рангник.

Германецот објасни дека Бруно Фернадеш е добро физички: „Тој тренира со тимот. Несреќата се случи на пат кон Карингтон. Колку што знам, нема повредени. Тој е добро и ќе биде добро за утре. Варан беше на тренинзите, но тој тренира сам. Ситуацијата е иста и за повредените играчи“.