Рангник: Сакав напаѓач во јануари, но управата го одби моето барање
Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, откри дека побарал од раководството на клубот да ангажира нов напаѓач на крајот на јануари, но бил одбиен. Во последните денови од јануари „црвените ѓаволи“ загубија двајца напаѓачи откако Ентони Марсијал беше испратен на позајмица во Севилја, а набргу потоа младиот Мејсон Гринвуд беше уапсен под обвинение за насилство врз неговата девојка.
Јунајтед имаше 48 часа да одговори на кризата, но на крајот не го стори тоа и се потпираа само на Кристијано Роналдо и Единсон Кавани во нападот пролетва.
„Сè уште мислам дека моравме да се обидеме да направиме нешто во тие 48 часа. Управата се согласи, но се консултираше со извидниците. Можеби требаше да инсистирам повеќе за да добијам уште еден напаѓач, но тогаш одговорот беше дека нема напаѓач на пазарот кој може да ни помогне“, изјави Рангник, откривајќи тројца играчи кои ги таргетирал за оваа позиција.