Раниери задоволен со реми против Јуве

Тренерот на фудбалерите на Рома, Клаудио Раниери, вели дека е задоволен по ремито со Јувентус иако поделбата на бодовите не му одговара ниту на неговиот тим ниту на „старата дама“.
„Очекував да играат по страничните позиции. Мислам дека Јуве може да заврши во топ-4.
Имавме шанси и успеавме да изедначиме. Иако ја посакувавме победата, добро е што не го загубивме мечот“ – рече Раниери по ремитот со Јуве.