Раниери инсистира Паредес да остане во Рома

Иако долго време се шпекулира дека Леандро Паредес ќе се врати во Бока Јуниорс на крајот на сезоната, кога ќе му истече договорот со Рома, сепак, работите драстично се променија по назначувањето на Клаудио Раниери, пишува весникот „Газета дело Спорт“. Аргентинецот стартуваше на секој меч од доаѓањето на Раниери, кој очигледно има планови со него во составот на „волчицата“.

„Паредес е шампион, што е нешто што никогаш не се менува. Да бев тренер следната година, jaс би го задржал. Неговото продолжување зависи особено од него“, вели Раниери, околу прашањето за неговото место во Рома.

Играчот од средниот ред заработува 4,5 милиони евра, а римјаните се уште му немаат понудено нова соработка.