Раниери: Рома не се откажува од трката за четвртото место

Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, ги процени шансите на тимот да заврши на 4-то место во Серија А. Неговите фудбалери вчера загубија во Бергамо кај Аталанта со 2-1 и ја прекинаа одличната серија.
„Знаевме дека се мајстори за интензивен фудбал, затоа ја освоија Лигата на Европа. Не знам дали сè уште имаме шанси за четвртото место но, ќе се бориме до крај“- рече тренерот на „римската волчица“.
Во последните две кола, Јувентус, Лацио, Рома и Болоња, ќе се борат за последното место што носи пласман во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26.