Рапалини од Аргентина ќе го води натпреварот Македонија – Украина

УЕФА денес го одреди Аргентинецот, Фернандо Рапалини, да биде главен судија на мечот в четврток меѓу Македонија и Украина кој ќе биде одигран во рамките на 2 коло во групата Ц на Европското првенство.

Натпреварот ќе го одиграме на арената во Букрешт а за првпат во историјата на едно Европско првенство ќе се појави судија кој не е од Европа.

Помошници на Рапалини ќе му бидат Диего Бонфра и Хуан Пабло Белати. Чеврти судија ќе биде Славко Винчиќ од Словенија.