Расел Вестбрук потпиша за Сакраменто

Aмериканскиот кошаркар Расел Вестбрук, кој следната недела ќе ја почне својата 18. НБА сезона, потпиша едногодишен договор со Сакраменто, објавија денеска неговиот нов клуб.
Вестбрук, кој идниот месец ќе го прослави својот 37 роденден, ја смени клупската средна, откако не го продолжи договорот со Денвер во чиј дрес играше минатата сезона.
Најдобриот играч (МВП) во НБА лигата во 2017 година ќе ја продолжи својата богата кариера со седмата франшиза откако беше драфтуван во 2008 година од Сиетл, односно Оклахома (2008-2019). Потоа играше за Хјустон (2019-2020), Вашингтон (2020-2021), Лос Анџелес Лејкерс (2021-2023), ЛА Клиперс (2023-2024) и Денвер (2025-2025).
Вестбрук има девет настапи на Ол-стар натпреварите, рекордни 203 трипл-дабл ефекти, беше водечки стрелец во НБА две сезони (2015 и 2017 година), а ја освои и олимписката титула во 2012 година со САД.
Новата сезона во НБА започнува на 21 октомври, а Сакраменто ќе го игра својот прв натпревар на 22 ноември во Феникс.