Расел прв ќе тргне на спринтот во Канада

George Russell (GBR) Mercedes AMG F1 W15. 06.04.2024. Formula 1 World Championship, Rd 4, Japanese Grand Prix, Suzuka, Japan, Qualifying Day. – www.xpbimages.com, EMail: requests@xpbimages.com © Copyright: Coates / XPB Images

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката, која се вози во рамките на големата награда на Канада. Во првиот ред, до Британецот, пласман избори лидерот во генералниот пласман, Андреа Кими Антонели.

Џорџ Расел, на најдобар начин ја потврди доминацијата на тренингот и во квалификациите. Единствен успеа да вози еден круг под една минута и 13 секунди (1:12.965). Неговиот тимски колега, Антонели имаше послаб резултат за 68 илјадити делови од секундата.

Вториот ред им припадна на возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, а третиот го освоија Луис Хамилтон и Шарл Леклер од Ферари. Макс Ферстапен и неговиот колега Исак Хаџар се седми и осми, а во Топ 10 се пласираа Арвид Линдблад (Рејсинг булс) и Карлос Саинц (Вилијамс).

Спринт трката на патеката во Монтреал, во сабота се вози од 18:00 часот.