Распродадена салата за дуелот Охрид – Целје

Охрид во сабота ќе го пречека Целје во реваншот од ЕХФ купот, во битка за пласман во првото европско финале во историјата на клубот.
Салата Билјанини Извори“ е распродадена до последно место, па македонскиот тим ќе има силна поддршка во обид да ја надополни минималната негатива од првиот меч (27-26).
Натпреварот се игра во сабота од 19:00.