Распродажба на фудбалери во Атлетико Мадрид
Според написите во шпанските медиуми, челниците на Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок планираат продажба на најмалку пет фудбалери и тоа Жоао Феликс, Јаник Караско, Родриго де Пол, Томас Лемар и Марио Ермосо.
Најскап фудбалер од наведените е 22-годишниот Португалец, Жоао Феликс, кој во Атлетико стигна како огромно засилување од Бенфика во 2019 за 127 милиони евра. Според информациите тој ќе биде прв на трансфер листата бидејќи постои голем интерес од страна на некои европски гиганти.
Атлетико Мадрид го заврши учеството во Лигата на шампионите оваа сезона на последното место на табелата од групата Б со пет бода.