Растат тензиите во Торино!

Јувентус разочара уште еднаш, овој пат на свој терен беа поразени од Беневенто со 1:0, што стави точка на амбициите за освојување на титулата. Доколку вака продолжи, Јувентус не само што ќе ја загуби титулата, туку ќе го загрози и пласманот во Лига шампиони идната сезона. По крајот на натпреварот, Паратичи изјави дека Роналдо ќе остане и идната сезона, но и дека раководството и понатаму верува во својот тренер. Дебитантската сезона на Пирло е шокантна, со него паѓа и доминантната ера на Јуве во Серија А, но се продолжува и неуспешната низа во Лигата на шампионите. Паратичи изјави дека верува во Пирло, што веројатно значи и негово останување на клупата, но сепак се знае „метата“, доколку Зидан објави дека ќе го напушти Мадрид, Јувентус ќе тргне по него. Алегри исто така е без ангажман уште од отказот од Јувентус, прашање е дали би можеле повторно да го ангажираат. Покрај овие две имиња, се споменува и Симоне Инзаги. Тој е одличен во Лацио, го врати римскиот тим во Лигата на шампионите. Се чини дека е вистински момент за нареден чекор во неговата кариера.