Растодер и Тун сензационални шампиони на Швајцарија

Елмин Растодер со Тун и официјално стана шампион на Швајцарија. По денешниот пораз на Сент Гален од Сион дома со 0:3, Тун испиша историја, за првпат во својата историја освојувајќи ја шампионската титула.

Растодер имаше фантастична сезона во која досега веќе запиша 13 голови и шест асистенции, со што е убедливо најдобриот стрелец во тимот на новиот шампион.

На три кола до крајот Растодер и Тун имаат 74 бода пред вториот Сент Гален кој има 11 бодови помалку.