Ратко Рудиќ замина во ватерполо пензија
Легендарниот ватерполо тренер Ратко Рудиќ официјално се прости од овој спорт со егзибициски натпревар на Коручула.
Рудиќ, кој во кариерата освои четири златни олимписки медали со три различни репрезентации, на последниот натпревар што го водеше како тренер, златната хрватска олимписка генерација од Лондон 2012 се соочи со светската селекција во меч кој заврши нерешено, 13-13.
Тоа беше и проштален натпревар за играчите кои со Рудиќ го освоија олимпиското злато во 2012 година и ја завршија својата играчка кариера. Во егзибициониот меч за светската репрезентација настапија најдобрите ватерполисти од таа генерација од Србија, Црна Гора, Италија, Шпанија, Унгарија и Грција, а од клупата ги предводеше уште еден член на Куќата на славните, Игор Милановиќ.