Раул Алонсо: Да останеме константни цел натпревар против моќен тим како Веспрем

Ракометарите на Еурофарм Пелистер попладнево со лет од Скопје до Будимпешта патуваат до Веспрем каде треба да го одиграат следниот натпревар во Лигата на шампионите.
Дуелот се игра утре, а противник им е вицешампионот на Унгарија што ќе биде сериозен тест за екипата на новиот тренер Раул Алонсо. По нерешениот резултат на домашен терен во Битола против Фредериција, за битолчани најважен е дуелот со Висла кој ќе се игра на 4 декември во Битола, но битолчани ниту во Унгарија не одат со кренато бело знаме.
„Веспрем е меѓу најдобрите екипи во Европа со години, имаат долга историја и супер-екипа покриена со играчи од светска класа. Не е лесно да се подготват сите детали за овој натпревар. Имаме три дена за подготовка и ќе се припремиме најдобро. Тешко е да се игра пред фановите на Веспрем, гледачите вршат голем притисок и многу е важно да бидеме најдобри и со добар пристап. Одиме таму за да бидеме во секој дел од натпреварот на висината на задачата. Да го намалиме играчкиот недостаток на минимум.
Чави Пасквал е мој познаник со години и чест е да се игра против него. Сум играл неколкупати против неговите екипи и сите знаат дека е меѓу најдобрите тренер во светот. Освои многу трофеи со Барселона и тоа ќе биде голем предизвик за мене“, смета шпанскиот тренер на клупата на Еурофарм Пелистер.