Раул Асенсио обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, е обвинет за дистрибуција на детска порнографија, а судот во Шпанија отвори кривична постапка.
22-годишникот ќе се соочи со обвиненија по завршувањето на полициската истрага, заедно со тројца поранешни соиграчи од младинскиот тим на Реал.
Асенсио е обвинет дека нарачал видео снимено од Феран Руиз, Андрес Мартин и Хуан Родригез во јуни 2023 година, на кое наводно се гледаат неговите соиграчи како имаат секс со девојка и малолетно девојче, кои имале 18 и 16 години во времето на инцидентот.
Обвинетите играчи, кои во тоа време имале помеѓу 20 и 21 година, сега се соочуваат со потенцијални обвиненија за дистрибуција на детска порнографија откако наводно го споделиле видеото преку „WhatsApp“.
Според судската пресуда, двете жени покажуваат симптоми конзистентни со посттрауматско стресно нарушување, објавуви „АС“, а наодите од истрагата ќе им бидат испратени за да се види дали ќе поднесат обвиненија.
Доколку се покаже дека е така, тогаш обвинителството може да поднесе обвиненија и да побара кривично гонење, или обвинителството може да постапува по сопствена волја.