Раул изненадувачки го напушти Реал

Легендата на Реал Мадрид, Раул ја заврши работата како тренер на младинскиот тим на мадридскиот клуб, објави прес-службата на „Кралевите“.
47-годишниот фудбалски стручњак работеше со младинскиот тим на Реал Мадрид од 2019 година.
За Реал Мадрид беше гордост што ја имаше една од најголемите легенди во историјата на клубот и светскиот фудбал како тренер на нашиот младински тим. Раул е светол пример за сите вредности на Реал Мадрид. Вредностите што им ги пренесе на младите играчи како ментор. Раул засекогаш ќе остане во срцата на сите навивачи на Реал Мадрид, а клубот секогаш ќе биде неговиот дом.
Реал Мадрид му посака се најдобро на Раул во оваа нова фаза од неговиот живот, објави шпанскиот фудбалски гигант.
Раул играше за Реал Мадрид од 1992 до 2010 година.