Рафаел Надал го откажа учеството на турнирот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека поради повреда го откажува настапот на турнирот Мадрид Опен.

Надал не учествува и на турнирот во Барселона бидејќи уште се опоравува од повредата која во јануари ја заработи на Австралија Опен.

22-кратниот Гренд Слем победник сега е во трка со времето за да земе учество на Ролан Гарос кој започнува на 28 мај. Доколку се биде во ред и шпанскиот тенисер успее да се опорави за турнирот во Париз тогаш тој ќе цели на освојување на рекордна 23 Гренд Слем во кариерата. Негов најголем ривал во битката за рекордни титули е Новак Ѓоковиќ кој исто така има 22 трофеи.