Рафаел Надал најави враќање на терените во декември
Рафаел Надал, кој поради повреда на стапалото е надвор од тениските терени од поразот во полуфиналето на Ролан Гарос, во понеделникот изјави дека планира да им се врати на настапите во декември и тоа на турнирот во Абу Даби. Целта е што подобро да се припреми за учество на Австралија Опен кој се одржува во јануари.
„Имам намера во декември да играм во Абу Даби , а потоа и на Австралија опен. Тоа е мојата цел. Работиме напорно со мојот тим за да го спроведеме овој план“, изјави Шпанецот за време на промотивен настан во Париз.
Надал го има освоено Австралија опен само еднаш и тоа во далечната 2009 година, а ги загуби финалињата во 2012,2014,2017 и 2019 година.