Рафаел Надал победник на турнирот во Акапулко

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, е победник на АТП турнирот во Акапулко, Мексико. Тој во финалето беше подобар од Британецот Камерон Нори кој го совлада со 2:0, по сетови 6:4, 6:4.

Веднаш по дуелот, Надал не го криеше задоволството од освојувањето на трофејот и ги сподели импресиите од турнирот.

„Акапулко одсекогаш било специјално место за мене. Енергијата која доаѓа од мексиканските фанови е неверојатна. Имав неколку тешки моменти во финалето, но успеав да ги добијам двата сета. Презадоволен сум од победата и оваа титула е многу важна за мене“, изјави Надал.