Рафаел Надал се врати на тениските терени со пораз

Поранешниот најдобар светски тенисер, Рафаел Надал, по точно 133 дена повторно се врати на тенискиот терен.

Тој настапи на егзибицискиот турнир во Абу Даби каде загуби од уште еден поранешен тениски шампион, Енди Мареј со 3:6, 5:7 во сетови.

Со овој настап Надал ги започнува подготовките за негово враќање во посакуваната форма пред учеството на Грен слем турнирот во Австралија.