Рафиња Алкантара од ПСЖ се пресели во Реал Сосиедад
Фудбалскиот клуб Реал Сосиедад го потврди пристигнувањето на Рафиња од Париз Сен Жермен.
Како што потврдуваат од клубот, Рафиња за Сосиедад ќе игра како позајмен играч до 30. јуни, но клубот од Шпанија нема обврска да го откупи неговиот договор после позајмицата.
Рафиња Алкантара потекнува од позната младинска школа на Барселона „Ла Масија“,од каде беше испратен на позајмица во Селта а потоа и во Интер. Во 2020 Барселона без обештетување го испраќа во екипата на ПСЖ, каде немаше забележителна улога. Тој во Париз одигра вкупно 39 натпревари, без постигнат гол, но забележа 7 асистенции.
Рафиња во дресот на Реал Сосиедад ќе биде жесток противник на Барселона во борбата за пласман во Лигата на шампионите.