Рафиња е главна трансфер цел на Барселона за наредната сезона

Англискиот „Мирор“ пишува дека звездата на Лидс Јунајтед, Рафиња ќе биде главна трансфер цел на Барселона во текот на летото.

 Каталонците го посочуваат Бразилецот како приоритет, особено ако не се реализира нов договор со Усман Дембеле.

Голем адут во обидот за доведување на Рафиња, Барселона има во менаџерот на играчот, Деко, кој е поранешен играч на Барса и е многу почитуван од структурите на клубот од „Камп Ноу“.

Барселона е подготвена да испрати понуда во висина од 40 милиони евра, но таа понуда не е ни блиску до сумата која ја бара Лидс Јунајтед, а изнесува 80 милиони евра. Голем фактор за цената на Рафиња ќе биде конечниот пласман на Лидс на крајот од сезоната во Премиер лигата, односно дали клубот ќе обезбеди опстанок или не.