Рафиња самоуверен: Новата Барса е подобра од Реал

Новото засилување на Барселона Рафиња имаше брилијантно деби во дресот на својата нова екипа.

Бразилецот постигна гол и направи две асистенции во контролниот натпревар против Интер Мајами. Тој многу бргу ќе го почувствува моментот да игра на „Ел Класико“, бидејќи следниот тест на Каталонците е против Реал Мадрид во Лас Вегас.

„Секогаш се трудам да постигнам гол, но во дербито уште повеќе. Најважно е да победиме, но мислам дека сме подобри од Реал Мадрид. Многу сум среќен што го постигнав мојот прв гол за Барселона. Се надевам дека ќе продолжам на овој начин“, изјави Рафиња по натпреварот.