Рашфорд бил сон на челниците на ПСЖ, но не доставиле понуда до Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд беше во летниот преоден рок дел од списокот на желби на ПСЖ, но францускиот клуб не испратил официјална понуда за 24-годишниот фудбалер.

Рашфорд е „дете“ на Манчестер Јунајтед. Напаѓачот постигна три гола и даде две асистенции во шест првенствени натпревари оваа сезона. Договорот меѓу двете страни истекува на крајот од сезоната, но клубот има опција автоматски да го продолжи договорот на една година.

Во последното коло од Премиер лигата, Рашфорд постигна два гола против лондонски Арсенал и му помогна на својот тим да победи со 3-1. Сега Манчестер Јунајтед има 12 бода и по шест кола е на петтото место на табелата.