Рашфорд во „аут“ до ноември
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да отсуствува до крајот на октомври, бидејќи ќе биде опериран на рамото, објавија британските медиуми.
Според Би-Би-Си, Рашфорд бил подложен на прегледи во вторникот, а тој чувствувал проблеми со рамото уште од втората половина на минатата сезона.
Се проценува дека повредата е таква што Рашфорд нема да се опорави само со одмор, а Јунајтед се надеваше дека напаѓачот веднаш ќе биде опериран.
Сепак, хирургот кој треба да ја изврши операцијата е слободен дури на крајот на јули.
Се проценува дека Рашфорд може да отсуствува 12 недели.
Тоа би бил голем проблем за тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на почетокот на новата сезона.
Рашфорд минатата сезона одигра 37 натпревари во Премиер лигата и постигна 11 голови.