Рашфорд: Ова е мојата најдобра форма во кариерата

Манчестер Јунајтед го совлада Евертон со 3-1 во ФА Купот, а играч на
натпреварот беше Маркус Рашфорд кој беше „виновен“ за трите
погодоци на домашниот тим.
Прво му асистираше на Антони за водечкиот гол за 1-0, потоа го
принуди Коуди да си даде автогол за да на крајот и самиот се запише
во листата на стрелци. Со ова Маркус само потврди дека е во страшен
ритам, постигна голови на сите натпревари по СП во Катар, па и тој
самиот принава дека се наоѓа во најдобрата форма во кариерата.
„Ова веројатно е најдоброто форма во која сум бил, се чувствувам
добро на теренот. Влегувам во позиции и делови за да постигнувам
голови. Ако продолжам да создавам шанси, чувствувам дека ќе
продолжам да постигнувам голови“, вели Маркус.